Здружението Преданија, со Проектот Авдела, си поставува како цел да ги идентификува, издаде и понуди научните и уметничите дела на влашкото културно наследство и на оние сродни на него. Овие културни добра посебно оние што се во јавна сопственост, ќе станат лесно достапни на истражувачите и на сите заинтересирани.
Проектот Авдела е невладин, непрофитабилен, реализиран преку волонтерската работа на лицата (автори и колективен едиторијал) на институциите кои во широк поим се занимаваат со истражувањето, еволуцијата и зачувувањето на влашката култура.
Проектот ќе вклучува и издавачки активности во печатена форма (книги, списанија, брошури), проекти мултимедија (ЦД аудио, ЦД РОМ, филм итн.), ќе иницира и организира состаноци, симпозиуми, летни училишта, културни програми.
Проектот се однесува во главно на Власите со намера да им понуди средства за зачувување на јазикот, за познавање на своето потекло, историската еволуција, социјална и спиритуална итн. Во еднаква мера им се адресира на народите од балканскиот простор, во средината во која што живеат Власите, за темелно познавање на истите, да бидат почитувани и третирани со достоинство од оние со кои соживуваат.
Принципите следени во склоп на Проектот Авдела се следните:
• Принцип на коерентностизразен преку:
• Принципот на отвореност,манифестиран преку:
• Принципот на слобода на користење,конкретизиран преку: